Во пресрет на новогодишната ноќ, изминатиов викенд на новогодишната топка на „Тајмс сквер“ во Њујорк се инсталирани 192 светкави триаголници со кристали „Ватерфорд“ за виртуелната новогодишна прослава, пренесува „Асошиејтед прес“.
Топката е покриена со 2.688 кристални триаголници, секој со различна големина. Секоја година новодишната топка е украсена со кристали. За оваа 2020 година е со нов дизајн наречен „Подарок на среќата“, претставен со сончеви зраци од кристалите што зрачат нанадвор.
Топката е украсена со вкупно 32.256 лед-сијалички и ќе се спушти на средината на „Тајмс сквер“ на 31 декември во 23.59 часот. Њујорк поради корона-кризата ќе ја слави Новата година на виртуелен начин, па спуштањето на новогодишната топка и перфомансите од настанот ќе бидат наменети за ТВ-публика која ќе ја следи прославата од дома.