Плакати со ликовите на 21 кандидат се поставени насекаде низ главниот град на Демократската Република Конго, Киншаса, во пресрет на претседателските избори в недела. Конгоанците треба да одлучат кој ќе го замени Џозеф Кабила кој ја извршува претседателската функција од 2001 година.
Советот на безбеност на Обединетите нации ги повика сите страни вклучени во кампањата да се воздржат од насилство. Организациите за човекови права соопштија дека најмалку седум поддржувачи на опозицијата се убиени од почетокот на кампањата на 22 ноември.