Околу сто тинејџери во Кина ја тестираа својата издржливост во текот на пет часа поминати во колонија која ја симулира пустинската површина на Марс. Сместена во провинцијата Гансу, колонијата ги отвори своите порти за љубопитните посетители.

Со овој проект Кинезите се надеваат дека ќе се зајакне туризмот и дека ќе им овозможи на посетителите да се чувствуваат како на црвената планета. Покрај тоа што ќе биде туристичка атракција, колонијата соработува со Астрономскиот центар на Кина и ќе биде користена како центар за обука на астрономи. Самата колонија наликува на сетови од „Војна на ѕвездите“.

– Многу сум возбуден што сум овде. Кога дојдовме веднаш ги забележавме кратерот и пештерата. Колонијата изгледа подобро од сликата што ја имав замислено пред нашето пристигање – изјави еден од првите посетители за неговите впечатоци.