Крај за ерата на недостиг од суровини

Секторите за енергија, транспорт, храна, информации и суровини се подложени на брзите технолошки нарушувања. Но со правилен избор може брзо да се изгради поправедна и понапредна цивилизација што ќе овозможи високи нивоа на одржлив
и универзален просперитет

Сегашната ескалација на повеќекратни кризи што се преклопуваат, од природни катастрофи поврзани со климатските промени, пандемија, конфликт во Европа и до стагфлација, ги засилуваат вознемиреноста и неизвесноста низ светот. Конвенционалните решенија повеќе не функционираат. Политичарите имаат малку убедливи одговори. Постојните институции се преоптоварени, а светската цивилизација минува низ голема трансформација од невидени размери.
Секој од петте основни сектори што заедно ја дефинираат цивилизацијата, како енергијата, транспортот, храната, информациите и материјалите, е подложен на брзи технолошки нарушувања. Овие пресврти ги најавуваат денешните доминантни индустрии, кои зависат од искористувањето на природите ресурси, но влегуваат во економска спирала на смртта, навестувајќи поголема невработеност, подлабока нееднаквост и граѓански немири. Но оваа „светска промена“ ги поставува и темелите за нов цивилизациски животен циклус. Технолошките нарушувања што ќе имаат најголеми последици насочени кон ублажување на климатските промени влијаат на три основни сектори, енергија, транспорт и храна.
Енергијата од фосилни горива се очекува да биде заменета од потенцијалот за „супермоќност“ на сончевата енергија, ветерот и батериите. Возилата со мотори со внатрешно согорување ќе бидат заменети од електричните и на крајот од автономните возила. Сточарството и риболовот од прецизната ферментација и клеточно земјоделство. Како што трошоците ќе се намалуваат експоненцијално, така нивното прифаќање ќе забрзува додека не станат доминантни на пазарот. Кога овие технологии ќе станат десет пати поевтини од актуелната, тие брзо ќе ја заменат неа. Ваквите нарушувања водат кон целосно нови системи со карактеристични својства. За првпат во нашата историја, новите технологии покажуваат јасен пат дека ќе се стави крај на ерата на недостиг.
Овој капацитет на „супермоќност“ што произведува повеќе енергија од актуелните системи за фосилни горива со нула маргинална цена во поголемиот дел од годината, драматично би ги намалил вкупните трошоци на системот. Научниците од швајцарската влада покажаа дека изградбата на таков систем на светско ниво може да генерира до десет пати поголемо количество енергија што ја користиме денес. Тоа ќе овозможи електрификација на широк спектар на индустрии. Овој систем нема да има потреба од постојани влезни материјали како сегашниот систем за фосилни горива и откако ќе се изгради, ќе трае 50-80 години.

Слични спротивни скалести ефекти ќе бидат корисни во транспортниот сектор. Како резултат на тоа, само мал дел од бројот на возила што ги користиме сега ќе бидат во употреба. Овие нарушувања, исто така, ќе ја направат застарена целата инфраструктура на актуелните системи за енергија, транспорт и храна базирани на фосилни горива. Тоа вклучува нафтени платформи, гасни терминали, цевководи и електроцентрали на јаглен, како и светските логистички и транспортни мрежи за фосилни горива, добиток и сточарски производи. Менувањето на оваа инфраструктура ќе создаде невиден простор за рециклирање метали. Железото, алуминиумот, челикот, бакарот, никелот и кобалтот се користат интензивно во нафтената индустрија, но исто така ќе помогнат да се поттикнат енергијата, транспортот и трансформацијата на храната.
Во текот на следните две децении, трансформацијата на светскиот производствен систем ќе создаде уникатни можности, нешто ​​што со моите соработници го нарекуваме „ера на слободата“. Ги имаме сите потребни алатки за да воведеме нова ера на суперизобилство што обезбедува напредна моќ, мобилност, храна, образование и инфраструктура за секого по една десетина од цената на постојните системи и без прекршување на планетарните граници. Но нема да биде лесно да се дојде до оваа „ера на слободата“. Денешните нарушувања се брзи, но не доволно за светот да ги избегне опасностите што би можеле да ја загрозат климата. Ако ги одложиме, држејќи се до актуелните индустрии што изумираат, социјалните, економските и геополитичките последици би можеле да ја запрат или дури и да ја попречат трансформацијата.
Бидејќи овие нови технологии што водат до големата трансформација имаат своја тежина од економски аспект, владите можат да го забрзаат процесот на трансформација преку искористување на пазарите. Тоа би значело укинување на субвенциите од илјадници милијарди долари и нови инвестиции во конвенционалната енергија, но од друга страна би значело создавање слободни и фер пазари на електрична енергија што го поддржуваат правото на поединците да поседуваат и да тргуваат со моќ и воспоставување системи за интелектуална сопственост со отворен извор за светски дизајн и локална имплементација. Во случај на греење на станбени простории, владите тогаш би требало да обезбедат стимулации и субвенции за електрификација.
Најмногу од сè, мораме да го смениме нашиот начин на размислување и да ја прифатиме потребата од радикална промена од централизирано во децентрализирано обезбедување енергија, транспорт и храна. Стариот систем умира додека се раѓа нов, ставајќи нè директно во центарот на превирањата. Но со правилен избор, можеме брзо да изградиме поправедна и напредна цивилизација што обезбедува неспоредливи нивоа на универзален и одржлив напредок. Нема време за губење додека имаме многу што да добиеме.

Нафиз Ахмед е директор за светски истражувачки комуникации во „Ретинк икс“ и комесар во Комисијата за трансформациска економија во Римскиот клуб