КОМЕНТАРИ ОД ЧИТАТЕЛИ

За пожарот во ОХИС ќе одговара кавадарчанец што заварувал ограда во кругот на фабриката

Тони Никушевски: Никаде во светот, цивилизираниот, вината не може да биде единствено на заварувачот. Секој работник има претпоставен, кој е должен и одговорен да ја организира безбедно работата. Но тоа е таму каде што постојат системи за одговорност и поделба на надлежностите. Кај нас е само важно да се принесе жртва на олтарот.


Со факултетска диплома, но без практични знаења

Тони Стојевски: А тие со практични знаења, бидејќи не се доволно платени од овдешните работодавци, полека, еден по еден, си одат од државата.


На настани ќе може да се присуствува само со потврда за примена вакцина

Џоле Македонски: А позитивни на корона во скафандери дали ќе може да присуствуваат? За министерот за здравство прашувам?


Уште седуммина од наркогрупата од Грчец се спогодија со обвинителството

Борче Божиновски: Што државата добива со спогодба? Треба да си одговараат согласно законот и да си ги издржат казните. Кој добива со спогодба? Обвинителите, судиите или партиите кои се на власт за пусти гласови?!


Заев: Нашите народи бараат да се здружиме, за подобро денес и подобро утре

Борка Печеновиќ: И за полесна трговија, дозволената и недозволената…