Сегашноста е невозможна без минатото, а иднината е континуитет на минатото и сегашноста

Деновиве, кога се одбележуваат 152 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе се потсетиме на една негова мисла, која е суштествена за нашето егзистирање како нација. Апостолот и срцето на револуционерна Македонија проповедаше дека: „Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме, и кога“

Кога некој се обидува да ја видоизмени нашата македонска национална суштина преку релативизирање на нашето македонско минато, со бессодржинско глаголење дека ја забораваме иднината поради задлабочувањето во минатото, мора да посочиме дека сегашноста е невозможна без минатото, а иднината е всушност соединување на минатото и сегашноста. Но зошто сегашноста е невозможна без минатото? Одговорот е едноставен! Минатото ни дава вредни поуки, искуства и сознанија што го обликуваат нашите суштествени нешта, нешта што се карактеристични само за нас, како нација, држава и општество. Минатото е и упатство, кое ни овозможува да учиме од нашите грешки и да донесуваме одлуки. Времето пред сегашноста ни овозможува и подлабоко разбирање за последиците од одделните постапки или одлуки, помагајќи ни да направиме помудри избори за сегашноста, но и за иднината.

Затоа се вели дека минатото е темел на сегашноста и иднината, основата што ни овозможува да егзистираме како нација и општество, а преку минатото ги согледуваме и нашите херои, нивните постапки и дејности, кои се неразделно поврзани со сегашноста. Минатото ни овозможува да ја согледаме пожртвуваноста на илјадниците предци што ја покажале за нас во сегашноста, но и за оние што ќе дојдат по нас. Затоа како нација, држава и општество го чествуваме великиот Гоце Делчев, запаметен како апостолот и срцето на револуционерна Македонија, како ревносен бранител на македонската идеја за слобода.

Како држава и нација мора постојано да се потсетуваме на безбројните македонски борци за слобода, бидејќи Македонија повеќе од пет века беше под османлиска власт, а многу големи водачи како што е Делчев се бореа за слободата. Слободата што ја имаме денес како Македонци не потекнува од милоста на Османлиите, напротив слободата беше извојувана од нашите предци. Во таа смисла треба да го разбереме и искажувањето на Ѓорче Петров, уште еден македонски великан, дека „паметењето на народните борци светци е потребно за поколенијата, за да ги буди и повикува на работа“.

Како држава и нација мора постојано да се потсетуваме на безбројните македонски борци за слобода, бидејќи Македонија повеќе од пет века беше под османлиска власт, а многу големи водачи како што е Делчев се бореа за слободата.
Слободата што ја имаме денес како Македонци не потекнува од милоста на Османлиите, напротив, слободата беше извојувана од нашите предци. Во таа смисла треба да го разбереме и искажувањето на Ѓорче Петров, уште еден македонски великан, дека „паметењето на народните борци светци е потребно за поколенијата, за да ги буди и повикува на работа“

Деновиве, кога се одбележуваат 152 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе се потсетиме на една негова мисла, која е суштествена за нашето егзистирање како нација. Апостолот и срцето на револуционерна Македонија проповедаше дека: „Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме, и кога“. Непобитен е фактот дека Делчев е обединувачки симбол на македонската нација и затоа Дими Хаџи Димов велеше: „Плачот на Гоцета нека ја раствори наполно таа долгоочекувана пролет и нека во најблиско време одново си подадеме сите братска рака како синови на Македонија така како што некогаш околу Гоцета се чувствуваме како една челад и социјалисти, и анархисти, и националисти, зашто мислевме и дејствуваме само како Македонци, сите до еден и сите како еден.“

Сегашноста немаше да биде возможна без жртвите на нашите предци, чии жртви беа крунисани со создавањето на современата македонска држава. Доколку подлабоко се задлабочиме во нештата, неизбежен е заклучокот дека Гоце Делчев има суштинско значење за сите нас како нација и општество, затоа што преку него се разбираме себеси и ни помага во обезбедувањето на чувството за идентитет.