„Европски сојузи“ за ретроградни политички идеи

Што е тоа толку „европско“ во дејствувањето на Самоопределување на Курти, кое би дејствувало како додаток на немоќната македонска албанска опозиција, во период кога актуелниот косовски премиер од повеќе претставници на меѓународната заедница се посочува како еден од главните фактори на дестабилизација на Балканот, ако се имаат предвид последните напори за решавање на спорот меѓу Приштина и Белград. Вообичаено, од македонските политички аналитичари и партии изостанаа коментарите за можното вклучување на Самоопределување во изборниот процес во Македонија. Но затоа албанските аналитичари поотворено ги изнесуваат сопствените ставови за отворено регионално албанско соочување на изборите во мај

Со објавувањето на денот на одржувањето на двојните избори во Македонија, политичките партии официјално почнаа со предизборната кампања за големото соочување на 8 мај 2024 година! Партиите од власта и од опозицијата веќе ги „збиваат“ редовите за пресметка на изборниот ден. Конечното профилирање на нивните изборни програми, со кои ќе атакуваат до секој граѓанин и гласач, ќе бидат дефинирани во наредните два-три месеца, во кои би биле големи ветувањата за постигнување повисок животен стандард и економски раст на државата и, секако, за највртената тема во изминатата година за корупцијата и разурнатиот судски систем во земјата. Но тоа што со сигурност може да се предвиди е дека партиите ќе се обидат да настапат под „знамето“ на Европа, за да можат да придобијат глас повеќе од нивните политички ривали. Остварувањето на некаква „европска“ иднина деновиве добива интензитет, особено кај партиите од албанскиот политички блок, во кој е најавено изборното соочување меѓу Европскиот сојуз за промени и Фронтот за Европа. Првиот претставува коалиција од опозициските партии Алтернатива, движењето Беса и Демократско движење, а од неделата им се приклучи и косовското Самоопределување, со присуството на Бесим Ќоку – советник на албанскиот премиер Албин Курти за Македонија. Сите тие со здружени сили ќе се обидат да го урнат дваесетгодишниот гласачки бастион на ДУИ, кој на изборите ќе настапи под фронтот за Европа.

Но што е тоа толку „европско“ во дејствувањето на Самоопределување на Курти, кое би дејствувало како додаток на немоќната македонска албанска опозиција, во период кога актуелниот косовски премиер од повеќе претставници на меѓународната заедница се посочува како еден од главните фактори на дестабилизација на Балканот, ако се имаат предвид последните напори за решавање на спорот меѓу Приштина и Белград. Вообичаено, од македонските политички аналитичари и партии изостанаа коментарите за можното вклучување на Самоопределување во изборниот процес во Македонија. Но затоа албанските аналитичари поотворено ги изнесуваат сопствените ставови. Едниот од нив се однесува на тоа дека „многу албански семејства што имаат косовско потекло едвај чекаат да дојде некој како Курти за да му дадат поддршка во изборното соочување со Али Ахмети и неговата партија ДУИ“. Сѐ поголемото присуство на Курти во внатрешните работи на албанските партии во Македонија, според македонската редакција на „Дојче веле“, се претставува „како тест – кој го има приматот на поголемо влијание врз целокупниот албански политички фактор во регионот: односно меѓу Еди Рама или Албин Курти, чии ставови се разликуваа за многу прашања – и за Отворен Балкан и за прашања што го засегаат Косово, но и за интересите на Албанците во регионот“. Во прилог на оваа најава за првите чекори на проширената и надградена албанска опозициска коалиција ќе биде организирањето заедничка кампања и настап со заеднички изборни листи. Исто така беше најавено дека ќе блокираат и ќе протестираат ако албанската опозиција не добие член во Државната изборна комисија!
Ова не е прв обид за подиректно вклучување на косовската партија за вклучување во политичките процеси во Македонија. Во август годинава, косовскиот премиер Курти, по покана на градоначалниците на Тетово и на Чаир, присуствуваше на изградбата на патот од Призрен до Тетово и на пуштањето во употреба на улицата Адем Демачи во скопската општина Чаир, што беше проследено со вообичаената „моноетничка сценографија“. Пред две години, партијата Самоопределување на изборите во Албанија настапи како граѓанска иницијатива што ги поддржува независните кандидати на парламентарните избори.

Затоа, овде се отвораат неколку правни прашања за тоа дали може партии од други држави да учествуваат на избори во Македонија. Дали тоа не е директно мешање во изборниот процес од надворешни субјекти, кои и не се баш наклонети на идејата за самостојна македонска држава со посебен национален идентитет и јазик, што веќе го имавме и со регистрирањето на т.н. бугарски здруженија во Македонија. Оттука е многу значајно во наредните денови да се произнесат првенствено надлежните институции, цитирајќи ги законите (патем, ако сакаат и од политички агол и македонските политички партии), за обидите за формирање „европски сојузи“, под кои се пропагираат ретроградни политички идеи од минатото

Идентично сценарио Курти најави и за Македонија, односно формирање разгранок што би се вклучил на некои од наредните избори. Но од оваа идеја се отстапи откако беше заклучено дека тоа би довело до дополнително раситнување на гласовите на опозицијата, па затоа сега се оди со опцијата за заеднички пратенички листи. Но прашањето што се наметнува е како може тоа да биде прифатено од Државната изборна комисија, ако се знае дека движењето Самоопределување не е регистрирано како посебен (партиски) субјект во Македонија! Затоа, овде се отвораат неколку правни прашања за тоа дали може партии од други држави да учествуваат на избори во Македонија. (Се разбира дека не може!!!)
Но кој е тој мотив за перманентно инволвирање од соседството во внатрешните работи на Македонија, овој пат за директно мешање во изборниот процес од надворешни субјекти, кои и не се баш наклонети на идејата за самостојна унитарна македонска држава со посебен национален идентитет и јазик (што веќе го имавме и со регистрирањето на т.н. бугарски здруженија во Македонија). Оттука е многу значајно во наредните денови да се произнесат и македонските институции инстантно од законски аспект, а и да дејствуваат. Во меѓувреме, ако сакаат и политички партии, од политички агол, нека се доизјаснат за обидите за формирање „европски сојузи“, под кои се пропагираат ретроградни политички идеи од минатото. Наедно, неопходно е дејствување на сите надлежни државни институции за навремено преиспитување на сите статути на „сомнителни“ невладини, партиски и парапартиски здруженија, со чие дејствување се разорува уставното уредување на Македонија. Препуштањето на предновогодишната еуфорија и премолчувањето поради некаква идна владина постизборна коалиција го зголемуваат ризикот од ширење на сецесионистичките платформи и идеи, но со тоа создаваат плодна почва за создавање меѓуетнички тензии во општеството, под некакво наводно европско знаменце. Кога ќе ја научиме лекцијата од поблиското минато дека отворањето филијали на етнички партии од други држави на овие балкански простори никогаш не придонело за поголема демократија, подобар соживот и мир во регионот и тие биле исклучиво во функција на остварување големодржавни идеи.