Дали Владата ќе пушта само лесни ветрови низ правосудството!?

Штета е сега да се трошат и време и простор за потсетувања на сите изјави за прочистување и реформирање дадени од страна на надлежните, но и на помалку надлежните претставници на владејачката гарнитура. Доволен е само осврт на последните неколку дена во текот на кои министерот за правда Бојан Маричиќ, на пример, успеа да изјави дека „…се подготвува модел за најавеното прочистување на правосудството…“ и оти „…очекува во скоро време да биде промовиран планот за прочистување на правосудството, во кое ќе има место само за професионални, чесни и одговорни судии и обвинители“. Но министерот, во меѓувреме, даде и сосема поинаква изјава, дека „…од ветингот се откажавме…“?!

Уште еден странски збор залудно го научивме и усвоивме. Таканаречениот ветинг, или процес на проверка на судиите и обвинителите и на прочистување на правосудството од некомпетентни, непрофесионални, неефикасни и, што е најважно, од компромитирани и корумпирани кадри, барем според последните најави на надлежниот министер, ќе се сведе само на лесно проветрување.
А приказната убаво започна, во предизборието 2016 година, кога тогашната опозиција ги бомбардира своите политички противници со афери, обвинувања и кондоми наполнети со разни бои, а на јавноста ѝ ветуваше праведни и правични разврски на сите тогаш отворени прашања и пред сѐ разрешувања во, како што тогаш се тврдеше, длабоко политизираното и корумпирано правосудство. Со послаб или посилен интензитет и, се разбира, по потреба, приказната се актуализира низ целиот прв мандат на сегашната власт, особено пред последните избори, но и секојпат кога некој од судиите или обвинителите, случајно или намерно, ќе се обидеше да постапи спротивно на нејзините очекувања.
Штета е сега да се трошат и време и простор за потсетувања на сите изјави за прочистување и реформирање дадени од страна на надлежните, но и на помалку надлежните претставници на владејачката гарнитура. Доволен е само осврт на последните неколку дена во текот на кои министерот за правда Бојан Маричиќ, на пример, успеа да изјави дека „…се подготвува модел за најавеното прочистување на правосудството…“ и оти „…очекува во скоро време да биде промовиран планот за прочистување на правосудството, во кое ќе има место само за професионални, чесни и одговорни судии и обвинители“. Но министерот, во меѓувреме, даде и сосема поинаква изјава, дека „…од ветингот се откажавме…“?! Објасни тој и оти ветингот во Албанија, според оцената на ЕУ, не се покажал како успешна приказна, поради што не сакале тоа да се повтори и тука. Затоа, како што рече, е потребно трпение, бидејќи „…во наредните неколку дена или неколку недели ќе се заокружи стратегијата или планот за проветрување“.

Е, сега, што од ова е лажна вест, а што лажно ветување, ќе покаже времето. Вистина, во стручната, но и во пошироката јавност, од самиот почеток имаше големи резерви во однос на овие најави. Иако процесот, во основа, се сметаше за потребен, дури и за неопходен, никој не очекуваше дека тој ќе се одвива брзо и лесно. Особено не по искуствата со специјалното јавно обвинителство. Не беше јасно деклариран ниту политички консензус околу целата работа, а некои дури изразија страв дека местата на судиите и на обвинителите, кои евентуално ќе се најдат на „отстрел“, нема лесно да бидат пополнети, иако, според некои постари истражувања, токму по бројот на судии по жител Македонија е дури и над европскиот просек.
Поради сето тоа, но веројатно и поради многу други повеќе или помалку познати причини, сега и се спуштаат критериумите и, наместо за проверка и прочистување, се зборува за проветрување, кое, колку што можеше да се разбере, би го спроведувале Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. А токму тие се и најзаслужни за сегашната, според многумина, исклучително лоша состојба во правосудството. И така кругот, не баш елегантно, се затвора заедно со приказната за професионално, компетентно, ефикасно и деполитизирано правосудство. Лесниот ветар што ќе го пушти Владата можеби ќе предизвика одредени бранувања, но по сѐ изгледа нема да го искорне плевелот, од кој веќе не се ни гледа житото во правосудството.

И така, кругот, не баш елегантно, се затвора заедно со приказната за професионално, компетентно, ефикасно и деполитизирано правосудство. Лесниот ветар што ќе го пушти Владата можеби ќе предизвика одредени бранувања, но по сѐ изгледа нема да го искорне плевелот, од кој веќе не се ни гледа житото во правосудството. Но ако сакаме да бидеме реални, не може а да не си го поставиме прашањето зошто која било политичка гарнитура, откога цврсто ќе заседне на власт, би ги менувала судиите и обвинителите, кои покажаа оти многу полојално можат да ѝ служат на политиката отколку на правото

Но, ако сакаме да бидеме реални, не може да не си го поставиме прашањето зошто која било политичка гарнитура, откога цврсто ќе заседне на власт, би ги менувала судиите и обвинителите, кои покажаа оти многу полојално можат да ѝ служат на политиката отколку на правото. Освен тоа, дури и површна проверка на имотите на судиите и на обвинителите, што, впрочем, само како најава ги натера многубројните судии во Албанија, на пример, сами да се повлечат од функциите, а како што со првичниот концепт се предвидуваше и за Македонија, би можела да отвори многу нови и да потсети на многу стари афери, што баш и не е пожелно кога се има предвид моменталниот однос на силите во парламентот. А не би требало да биде изненадување доколку, во таков случај, и судиите ги изложат своите „адути“.
Конечно, во екот на пандемијава, проветрувањето, ако ништо друго, барем ќе го спречи коронавирусот да навлезе во правосудството, што можеби нема да ги задоволи очекувањата на Европската комисија и на Прибе, но секако е во согласност со најновите препораки на Светската здравствена организација, и ќе ги заштити судиите и обвинителите.

И по сето тоа, на Владата очигледно ѝ е потребно потсетување дека, во случајов, не станува збор за здравјето на судиите и на обвинителите, туку за здравјето на правосудството, а со тоа и на целото општество.

[email protected]