Олимпијада, бокс, скандал… Мажи им даваат поддршка на спортистките во нивната борба против одлуките на Интернационалниот олимписки комитет, наспроти оние на Светската боксерска федерација, жени со машки физички предиспозиции, да се тепаат со други спортистки. Си велам, види глупи мажи! А бе, не само што треба да се натпреваруваат овие две спортистки со машки карактеристики, туку сите мажи спортисти што смениле пол и станале жени, веднаш да се донесат во спортските арени, базени, сали и рингови, ама да се поттикнат и други мажи да го менуваат полот и да победуваат жени. Само така ние мажите ќе си го вратиме спортот, а на жените ќе им покажеме каде им е местото… во кујна и во кревет. Ако, пак, жениве се налутат и, што знам, одлучат да ни акнат вето за онаа… најубавата работа… баш ни е гајле. Си ги имаме овие што смениле пол. Ха, ха, па и тие се сега жени.
Ова е сарказам или цинично исмевање преку извртување на суштината. Ако на тоа му дадете книжевна или визуелна форма, станува сатира, а тоа е поджанр на хуморот. Хуморот, пак, е највисока форма на слобода на говор. Западниот цивилизиран свет полн со вредности, кој пак за мене најчесто е чист варваризам што веќе не се ни маскира, во моментов воден од некакви прогресивни и либерални сили, тргна во војна со слободата, и тоа многу гласно последниве години.
Ене го калифорнискиот гувернер ќе се борел против сатирата. Додека сите врескаат по Русија и каков тоталитаризам демек таму владее, Велика Британија започна да личи на Германија на Гебелс и СССР на Жданов. Секојдневно се ставаат луѓе во затвори поради искажан збор на социјални мрежи. Русија може вода да им носи. ЕУ ќе го забранувала Твитер зашто Илон Маск не им оди по газот на овие на кои од уши им течат цивилизациски вредности. Ние тука во ексјугословенските простори нема да имаме некој голем шок. Нашиве комуњари прекуноќ станаа големи демократи, нема да им биде така тешко да се ребрендираат во прогресивни фашисти.
А хуморот е одраз на висока интелегенција. Прогресивниве либерални хистерици сакаат да го забранат тоа што самите го немаат и да го униформираат човештвото, духовно и телесно, по сопствен терк. Нема да им успее, зашто многумина се обиделе, ама на крајот снеле сматок, иако патем донеле многу страдање.
Олимпијада… Првпат во својот живот бев рамнодушен спрема крајот на еден голем спортски настан. Никој досега не успеал да ги навреди спортистите како француските организатори на Олимпијадата и Интернационалниот олимписки комитет. Никому досега не му успеало на еден спортски настан да ги фрли во трет план спортистите за сметка на кичот, невкусот, скандалите, кансел-културата, џендер-хистеријата и сите други преостанати будалаштини што немаат врска со спорт.
Кулминација беше понижувањето на спортистките. Секако мислам на боксот. Иако тенденцијата на дузина курајбери и потпросечни спортисти, кои на крилата на џендер-идеологијата се одлучуваат да менуваат пол за да можат да победуваат жени, е огромна опасност за женскиот спорт, тука не станува збор за тоа. Во скандалот со женскиот бокс на Олимпијадата не се во прашање трансродови лица, туку две натпреварувачки што имаат биолошки нарушувања што повеќе ги прават мажи отколку жени. Затоа, по многу сериозни тестови, Светската боксерска федерација одлучила да ги дисквалификува од последното светско првенство и не, не е тоа злобна руска пропаганда затоа што претседателот на федерацијата се презива Кремлев.
Боксот не е заебанција, туку многу опасен спорт и ако не се внимава, може да предизвика смрт, што не е така често, но се случува. Затоа боксерите поминуваат сериозни медицински тестови по кои, како што е во случајот со овие две натпреварувачки, биваат дисквалификувани. Ама не, ИОК тоа не го зема предвид. Толку се прогресивни и откачени што веќе на следната Олимпијада нема да ме зачуди ако им дозволат на оние исти курајбери што смениле пол зашто биле неуспешни спортисти како мажи, да учествуваат. На крајот на краиштата, за да не бидат дискриминирани како луѓе или, не дај боже, да им се наметне западниот спортски фашизам како на Русите, никој не брани да има дисциплини за трансродови лица, па нека се натпреваруваат меѓу себе, иако и тука мора да има дистинкција меѓу мажи што станале жени и жени што станале мажи.
Возбудени прогресивци што разбираат спорт колку јас нуклеарна физика, веднаш рипнаа да бранат нешто неодбранливо, па почнаа да ги напаѓаат другите натпреварувачки што кренаа глас против ИОК. Глупиот наратив се состоеше во муабетот, па што избрале бокс ако не можат да трпат удари, а тоа е гротескна манипулација затоа што токму поради машката сила на ударот, оние две беа дисквалификувани, со цел заштита на животот на другите спортистки. Најдалеку во бесмисленоста отидоа оние што почнаа да се расфрлаат со името на Мајкл Фелпс, демек он има нозе како пераи, не знам какви мускули, натпросечно градено тело и како тоа него не го дисквалификувале? Па, кој им брани на оние две да извадат ракавици и да пливаат? А бидејќи имаат тестостерон колку и Фелпс, нека пливаат со него. Може ќе се случи и љубов на прв пливачки замав, па ќе менуваат пози: грбно, делфин-стајл, слободно.
Така е во светот. Кај нас започнува вообичаената „олимписка“ дисциплина, рушење на ВМРО-ДПМНЕ од легитимно стекнатата власт. Така беше и во 2001 година преку изрежирана војна, така беше и периодот 2014-2017 година преку специјална војна против Македонија. Така е и сега, иако сме во почетна фаза.
Ахмети рече дека Македонците ќе исчезнат ако не соработуваат со Албанците. Постојат три начини да исчезне еден народ. Физички преку геноцид, административно да биде избришан или цел народ да се спакува и колективно да замине на друга планета. Ова третово, кај Македонците е во обратна насока. Што и да му се случува, македонскиот народ најчесто се однесува како да е паднат од Марс.
Македонците преживеале многу обиди за физичко истребување. Не успеал никој зашто македонскиот народ е пиреј, како што вели Петре М. Андреевски. Јас би додал, пиреј пресаден од Марс. Останува значи административно бришење. Фаза во процес. Проблем е што Ахмети и ДУИ учествуваат во тоа. Заедно со СДСМ ја претворија Македонија во Нордистан, Македонците ги направија Нордистанци, што е прв чекор кон нивно исчезнување. Потребен е само уште еден чекор, приказната на Бугарите, кои тврдат дека не постоиме и бараат од нас тоа и со потпис да го потврдиме. Токму Ахмети и ДУИ се поддржувачи на грчката и бугарската геноцидна политика за исчезнување на Македонците, а спонзорирана од САД, ЕУ и НАТО. Оттука, малку е блесаво човекот што соработува со сите што сакаат да исчезнат Македонците да тврди дека без соработка со Албанците (читај, со неговата партија), ние ќе исчезнеме.