Кодови на имиња на држави

Меѓународната организација за стандардизација (ISO) го издава стандардот ISO 3166 – Кодови за имиња на државите, за да се употреби во која било апликација што бара изразување на имињата на државите во кодирана форма.
– Првиот стандард издаден со таа намена е првото издание на ISO 3166 од 1974 год. Карактеристично за овој стандард е дека во стандардот нѐ нема како Република Македонија туку како дел од тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија – СФРЈ (тоа се однесува на сите тогашни шест републики во состав на СФРЈ) и се водиме под името СФРЈ со кодот YU – Алфа2 код и YUG – Алфа 3 код. Триесет и три земји-членки на ISO гласаа позитивно за усвојување на овој стандард, меѓу кои и СФРЈ, а две земји беа против, и тоа Бугарија и Јапонија. Стандардот е составен од 22 страници.
– Втората верзија на ISO 3166 се појавува во 1981 г. И во овој стандард нѐ нема како Република Македонија туку како дел од тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија – СФРЈ (тоа се однесува на сите тогашни шест републики во состав на СФРЈ) и се водиме под името СФРЈ со кодот YU – Алфа2 код и YUG – Алфа 3 код. За првпат се воведува и трицифрен нумерички код, и тоа бројот 890. Дваесет и осум земји-членки на ISO гласаа позитивно за усвојување на овој стандард, а само две земји беа против, и тоа Австрија и СССР. Стандардот е составен од 49 страници.
– Третата верзија на ISO 3166 се појавува во 1981 г. И во овој стандард нѐ нема како посебна Република Македонија, туку како дел од тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија – СФРЈ (тоа се однесува на сите тогашни шест републики во состав на СФРЈ) и се водиме под името СФРЈ со кодот YU – Алфа2 код и YUG – Алфа 3 код и трицифрениот нумерички код бројот 890. Стандардот е составен од 53 страници.
– Четвртата верзија на ISO 3166 се појавува во 1988 г. И во овој стандард нѐ нема како посебна Република Македонија, туку како дел од тогашната Федеративна Република Југославија – ФРЈ (тоа се однесува на сите тогашни шест републики во состав на ФРЈ) и се водиме под името ФРЈ со кодот YU – Алфа2 код и YUG – Алфа 3 код. Трицифрениот нумерички код се менува од 890 во 891. Стандардот е составен од 60 страници.

– Петтата верзија на ISO 3166 се појавува во 1993 г. Југославија веќе не постои во претходните граници, така што Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска добиваат свои кодови. Исто така ја има Федеративна Република Југославија – ФРЈ, која е составена од Србија и Црна Гора, под името ФРЈ со кодот YU – Алфа2 код и YUG – Алфа 3 код. Трицифрениот нумерички код е 891. И во овој стандард нѐ нема како посебна Република Македонија, всушност нѐ нема никаде, освен ако не нѐ сметаа како дел од ФРЈ. Стандардот е составен од 60 страници.
– Шестата верзија на ISO 3166 се дели на три дела. ISO 3166 – 1 се појавува во 1997 г. и се занимава само со кодови на држави. За првпат ја има Македонија под името Macedonia, the Former Yugoslav republic of (Македонија, поранешна југословенска република). За првпат го добиваме кодот MK – Алфа2 код и MKD – Алфа 3 код. МК и МКD се кратенки од Македонија како транскрипт од Makedonija на латиница. Трицифрениот нумерички код се менува од 891 во 807. Стандардот е составен од 58 страници.
ISO 3166 – 2 се појавува во 1998 г. и се занимава само со кодови на административна поделба, како на пример општини. Секоја општина од државата има свој код. Последната верзија е од 2020 г.
ISO 3166 – 3 се појавува во 1998 г. и се занимава само со кодови за порано користени имиња на државите т.е. избришаните имиња на земјите од IS0 3166 од неговото прво објавување во 1974 година. Во овој стандард се воведува Алфа 4 код. Последната верзија е од 2020 г.
– Седмата верзија на ISO 3166, но само за ISO 3166 – 1, се појавува во 2006 г. и се занимава само со кодови на држави. Македонија е заведена под името Macedonia, the Former Yugoslav Republic of (Македонија, поранешна југословенска република) со кодот MK – Алфа2 код и MKD – Алфа 3 код, a трицифрениот нумерички код e 807. Стандардот е составен од 70 страници.
– Осмата верзија на ISO 3166, но само за ISO 3166 – 1, се појавува во 2013 г. и се занимава само со кодови на држави. Македонија е заведена под името Macedonia, the Former Yugoslav Republic of (Македонија, поранешна југословенска република) со кодот MK – Алфа2 код и MKD – Алфа 3 код, a трицифрениот нумерички код e 807. Стандардот е составен од 70 страници.

– Деветтата верзија на ISO 3166, но само за ISO 3166 – 1, се појавува во 2020 г. и се занимава само со кодови на држави. Името на државата е сменето во Северна Македонија (Република Северна Македонија) и е заведена под името North Macedonia (the Republic of North Macedonia), со кодот MK – Алфа 2 код и MKD – Алфа 3 код, a трицифрениот нумерички код e 807. Интересно е дека во хартиената верзија нема ништо што се однесува на кодовите на секоја држава, туку ISO изработи посебна апликација под името ISO online browsing platfrom (може да се пребарува бесплатно) и во делот на Coutry Codes на оваа платформа се наоѓаат кодовите на државите.
ISO-техничкиот комитет (меѓународна група од експерти од оваа област) што се занимава со оваа област е ISO TC 46, под името Information and Documentation, под водство на AFNOR – францускиот институт за стандардизација. Во оваа група активно учествуваат 42 земји-членки и плус 32 земји-членки се набљудувачи.
Голем број меѓународни стандарди развиени од техничките комитети на ISO бараат, со цел нивно ажурирање или имплементација, компетентно тело што ја има потребната инфраструктура за да обезбеди ефективна употреба на овие меѓународни договори. Овие тела се назначени од ISO да служат како агенции за одржување или органи за регистрација. Едно од тие тела е ISO 3166 maintenance agency, кое се занимава со сите прашања околу ISO 3166 и чие седиште е во просториите на ISO во Женева. Составено е од петнаесет организации, и тоа: Францускиот, Американскиот, Шпанскиот, Обединетото Кралство, Јапонскиот, Австралискиот, Шведскиот, Германскиот, Канадскиот институт за стандардизација, како и Меѓународната агенција за атомска енергија, Меѓународната телекомуникациска унија, Универзалната поштенска унија, интернет-корпорација за доделени имиња и броеви, и Економската комисија на Обединетите нации за Европа.

Алфа 2 кодот се користи за: ISO 13616 IBAN (International bank account number) – меѓународен стандард за нумерација на банковни сметки; ISO 4127 (Currency codes) – Код на валута, ISO 6166 (International Securities Identifying Number (ISIN)) – Меѓународен идентификациски број на вредносната хартија; ICAO DOC 9303 (electronically readable passports) – електронски читливи пасоши. Со RFC 1591 и ISO 3166 се објаснуваат Структурата и делегирањето на системот за име на домен (Domain Name System Structure and Delegation), кој е составен на пример од EDU, COM, NET, ORG, GOV, MIL и последните две букви што доаѓаат од ISO 3166, или edu.mk, com.mk, org.mk.