Клукајдрвец во македонскиот багрем

Денес војводата Љубчо е слободен граѓанин и во демократијата може да љуби кого сака – Бугарија, Русија, Америка, Чеченија, Тунгузија… А Македонија? Па таа е само дрво за блгарски клукајдрвци. Како премиер? Ужас! Ете, јас покрај Македонија ги сакам и Израел (со плусови и минуси) и Франција и САД и Србија и Бугарија…, па што? Последниве години нашите медиуми, особено телевизијата, се шинаа од интервјуа со војводата. Права холи-ѕвезда. Тој и името „Северна“ го измисли пред десетина години, а и клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Ветил и дека Македонија ќе ја анектира кон Бугарија (цитат од Пендаровски на Канал 5). А браќата Блгари му се смеат – и нему и нам. Така, министерот Каракачанов на наша телевизија кажа: „Тези гољам герој и мој пријател Љубчо Георгиевски е герој к’м вас, а к‘м мене ми ги целива нозете“. А бе, војводата стотици милиони евра „заработил“, а тие му се смеат. Ама дечкото пак си ја сака и си ја сака бе Блгарија, повеќе од Бог и фамилијата

Пискотници се слушаат од Блгарија кон медиумите на Македонија. Дури сега. Пред 24 години бев лоби-врска со силни авторитети – за војводата. Наиме, имав близок контакт со „длабоката држава“ на САД (не е важно како стекнав) и сакав да ги спојам со владата. Некои средби се остварија. Подоцна пријатели од МВР ме викнаа и ми рекоа „премиерот ти забранува да лобираш“. Тогаш не ми беше јасно зошто, а сега знам – дечкото е герој на Блгарија, не на Македонија. Колку бев низок не е важно. Само еден совет – не донесувајте големи луѓе од светот – нашиве ќе ве брукаат! (Каде е Малкович, на пример?) Неговата свита не смееше ни да писне. Има една светла точка кај војводата Љубчо – го помогна (за легалност) Центарот на холокаустот. Амин.
Денес војводата Љубчо е слободен граѓанин и во демократијата може да љуби кого сака – Бугарија, Русија, Америка, Чеченија, Тунгузија… А Македонија? Па таа е само дрво за блгарски клукајдрвци. Како премиер? Ужас! Ете, јас покрај Македонија ги сакам и Израел (со плусови и минуси) и Франција и САД и Србија и Бугарија… па што? Последниве години нашите медиуми, особено телевизијата, се шинаа од интервјуа со војводата. Права холи-ѕвезда. Тој и името „Северна“ го измисли пред десетина години, а и клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Ветил и дека Македонија ќе ја анектира кон Бугарија (цитат од Пендаровски на Канал 5). А браќата Блгари му се смеат – и нему и нам. Така, министерот Каракачанов на наша телевизија кажа: „Тези гољам герој и мој пријател Љубчо Георгиевски е герој к’м вас, а к‘м мене ми ги целива нозете“. А бе војводата стотици милиони евра „заработил“, а тие му се смеат.

Пред некое време ја критикувал „Нова Македонија“ за еден новинар (не го познавам) што му ги чачкал Бугарите и тој (новинарот) личел на Татар. Па и Татарите се луѓе. Солженицин и други славни луѓе биле Татари. Во земјата на војводата врие Татари, на пр. Добруџа и Видин. Можеби и јас сум Татар – којзнае – па што? Нели се боревме против нацизмот? Војводата вели дека во Февруарскиот поход Бугарите ги спасиле
партизаните. Еј, мајката! Случајно моите родители и пријатели биле партизани во походот. Се превртуваат во гробовите. Хитлер велел: „Ако лажеш, лажи многу“! Браво. Геројот и понатаму ќе лае – задача му е. Војводата не е за некое казнување или легален процес, туку медиумите треба да престанат да го глорифицираат,
односно да не го споменуваат воопшто. За Македонија, тој е мртов човек

Ама дечкото пак си ја сака и си ја сака бе Блгарија, повеќе од Бог и фамилијата. А нашите медиуми – како за инат го промовираат и го промовираат. А форсираат или поддржуваат и други предавници, на пример бившата историска комисија, неодамна Фрчко го гледав (да потсетам – од МВР велат за одобрени 150-200 илјади пасоши за Косовци, па закони за проституција итн.), па и УЧК-исти колку сакаш, па после ни е крив некој војвода. И тие медиуми се соучесници. Пред некое време ја критикувал „Нова Македонија“ за еден новинар (не го познавам) што му ги чачкал Бугарите и тој (новинарот) личел на Татар. Па и Татарите се луѓе. Солженицин и други славни луѓе биле Татари. Во земјата на војводата врие Татари, на пр. Добруџа и Видин. Можеби и јас сум Татар – којзнае – па што? Нели се боревме против нацизмот? Војводата вели дека во Февруарскиот поход Бугарите ги спасиле партизаните. Еј, мајката! Случајно моите родители и пријатели биле партизани во походот. Се превртуваат во гробовите. Хитлер велел: „Ако лажеш, лажи многу“! Браво. Геројот и понатаму ќе лае – задача му е. Војводата не е за некое казнување или легален процес, туку медиумите треба да престанат да го глорифицираат, односно да не го споменуваат воопшто. За Македонија, тој е мртов човек. Сакаме да имаме достоинствена самостојна држава Македонија? Ако не сакате – продолжете.

Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио