Им се извинувам на Евреите!

Иако лично не сум виновен за ѕверствата на бугарските нацисти и нивните македонски соработници, изроди на својот народ, сепак сакам да им се извинам на Евреите поради оваа цивилизациска изопаченост што не смее да се повтори, ама ниту да се заборави. Сакам да се извинам, зашто знам како им е. Не физички, туку симболично. Нацистичките гадови ги истребуваа Евреите физички. Наследниците на тие нацистички гадови, денес напикани во вашингтонските, лондонските и бриселските дворови, преку своите грчки и бугарски лакеи и, секако, неизбежните македонски слуги (како оние соработници на нацизмот во Втората светска војна), административно нè истребуваат нас Македонците, спроведувајќи ни идентитетски холокауст

Не сум многу расположен. Не очекувајте сензација меѓу редови. Лето е, а среде лето, ми стана традиција, како холокауст за некои политичари, да сум шворц. ШВОРЦенегер, такви гачки си правам. И ова лето на одмор ќе одам во другата соба. Ама не е тоа главниот проблем. Горештини. Мене сонцето ми подметнува дрога во албинизмот. Ко на опиум сум. Вие вклучувате клими, јас се исклучувам. Добро, не сосема, како сијалица пред прегорување сум. Затоа не очекувајте многу зборовни акробации.
Уф, страшна работа! Данела го асфалтира паркот. Каков тежок удар за бетонираниот нордистански идентитет. И сега што правиме? Јас сум веднаш за герила-акција. Гушни ги патеките! Не, глупо е, нема логика, како да гушнеш патека? Ама по гушкање доаѓа бакнување. Залапај ги патеките! Звучи баш прогресивно.
Го слушам урбаното граЏанство. Тие патеки биле идентитетот на паркот. Испишале историја што не може тукутака да се менува. Преку нив го слушаме јазикот на градот, оти тука секој минува. Хм, идентитет, историја, јазик. Ја сакам иронијата на судбината, ама интелектуалната бижутерија и граѓанството луѓенца од вишок хистерија тешко да го забележат цинизмот на битисувањето.
Не сери, Русјаков, кај ќе ни играат децата? На бетон?
Зошто на бетон? Во ЕУ нека си играат. Нели почнавте преговори?
Брзо се покајав што ѕирнав во хистеријата на урбаниве. Имав заебан сон. Јас, градоначалник. Патеките во паркот ги правам барокни. На секои три чекори ставам сонце со шеснаесет краци. Урбаните одат, ама мора да го избегнуваат заради Преспанскиот договор, па изгледаат како да ги мава опсесивна компулзивност.
Бегајќи од нив налетав на млад инфлуенсер (и писател). Прашува каде се писателите да кренат глас против бугаризација на македонскиот јазик. По него се јавува некој лик што фаќа да објаснува како во времето на Груевски, уметниците молчеле кога тие прогресивните терале шарена револуција.

Сакам да му објаснам дека во тие времиња, уста не затворав. На интелектуалната бижутерија постојано ѝ објаснував дека не го бранам Груевски, туку нив ги напаѓам. Зошто? Затоа што се ветар во грбот за насилна промена на име, идентитет, историја, култура, јазик. Така станав небањат вмроон (и платеник на Грујо) во чија глава се промена на име, тиранска платформа, бугаризација на македонизмот и, секако, идентитетскиот геноцид што сега пред очи ни се случува. Сепак одлучувам ништо да не му објаснувам. Не ми треба уште еден фрикнат кошмар во кој гротеската го бетонира идентитетот на глупоста низ патеките на блиската историја низ кои се просеравала интелектуалната бижутерија среде шарена револуција.
Ама му се навртевте на Пендаровски. Што? Не, не ви пишувам за неговата одлука да слави Илинден дома. Баш сакам да го видам Таче на Мечкин Камен, како крева раце и вика „Северна или смрт“ на чист бугарски дијалект. Башка, на Стево не му личи Мечкин Камен. Многу руски звучи, а Русите во последно време доаѓаат преку граница за да го напаѓаат во соништата и потоа јавето му е руска салата.
Му се навртевте на Стево за неговиот став дека Македонците се толку закрвени што веќе не можат да живеат заедно. Се согласувам со него. Со една мала исправка. Македонците и нордистанците. Тие се закрвени и тешко дека некогаш ќе се обединат. Почнувам од себе. Не сум во фаза на закрвеност, ниту ќе бидам, оти не ги мразам, туку презирам, ама тешко дека со нив би делел шанк, а камоли вредности. Они се по европските, нацистички вредности на укинување идентитети, нации, култури, јазици, а јас по древните македонски, космополитски. А тоа не вирее заедно.
Сосем случајно го уловив премиерот Ковачевски на собраниска говорница. Нешто им вика на вмроовците дека требало да си го земат Апасиев за лидер зашто одработувале за интересите на трети држави. Русија, нормално, оти таков е моментално глупиот наратив на западниот варваризам.

Не е тоа толку битно, оти стана совршено здодевно. Трагично смешно е што Таче и неговите воопшто споменуваат одработување за трети држави. Оние што одработија за нацистичките аспирации на Грција и на Бугарија, обвинуваат дека други го прават тоа. Патем, со последниот нацистички француско-бугарски протокол учествуваат во повампирувањето на санстефанска Бугарија. А тоа беше проект на царска Русија, така што тавариш Ковачевски ќе биде запишан во историјата како човек изгубен во времето, оти бил дел од планот за воскреснување на сонот на империјална Русија за Велика Бугарија. Иронично и гротескно е што денешна Русија нема никаква врска со тоа, туку токму САД, ЕУ, Британија и НАТО.
А спомнам Русија, ете го и Вова, веднаш зајава на сибирски тигар низ колумнава. Познат е и како Владимир Путин. Во четвртокот имаше именден. Нека му е честит! И на Володимир му беше именден. Нему не му честитам. Западниве спонзори нека си го земат и веднаш да го испратат некаде на лекување. Психијатриско. Војската, од која поголемиот дел не сака да биде регрутирана, ем лошо обучена ем корумпирана, а недоволно вооружена (потврдуваат странски инструктори) му ја масакрираат низ фронтот, Русите се пред последната линија на одбраната, додека позеров си прави фотосесии за „Воуг“. Ќе разбере ли конечно украинскиот народ дека е жртвуван сосе територија за да може САД да ја ограбува Европа. Инаку, ги заболе за Украинците.
Русјаков, ти не знаеш колку Украинците ги мразат Русите.

Знам. Со децении се на таа омраза учени. Среќа што Русите не ги мразат толку Украинците, оти можеше брзо да ги снема од мапата на светот Киев, Одеса, Лавов и другите украински градови.
За крај, прифаќам фрлен предизвик. Јас како поединец, Македонец, сакам да му се извинам на еврејскиот народ зашто во Втората светска војна, македонските Евреи завршија во нацистички логори. Сакам да се извинам за стравот и немоќта на мојот народ да спаси повеќемина од нив. Иако лично не сум виновен за ѕверствата на бугарските нацисти и нивните македонски соработници, изроди на својот народ, сепак сакам да им се извинам на Евреите поради оваа цивилизациска изопаченост што не смее да се повтори, ама ниту да се заборави. Сакам да се извинам, зашто знам како им е. Не физички, туку симболично. Нацистичките гадови ги истребуваа Евреите физички. Наследниците на тие нацистички гадови, денес напикани во вашингтонските, лондонските и бриселските дворови, преку своите грчки и бугарски лакеи и, секако, неизбежните македонски слуги (како оние соработници на нацизмот во Втората светска војна), административно нè истребуваат нас Македонците, спроведувајќи ни идентитетски холокауст.