Фото: КФМ

КОШАРКА – ПРЕТКВАЛИФИКАЦИСКИ МЕЧЕВИ

  • Македонија е на врвот во групата А, без пораз по четири кола, и со една победа ќе го обезбеди првото место во групата. Победникот на секоја од трите групи и најдобрата второпласирана селекција ќе обезбедат пласман во квалификациите за ЕП 2029. Следуваат мечевите со Ирска на 2 јули во Скопје и три дена подоцна со Луксембург на гости

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Шпанецот Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот состав за претстојните натпревари во претквалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година, со селекциите на Ирска (во Скопје) и на Луксембург (на гости). За мечевите, македонската репрезентација ќе тренира во Скопје, а првиот собир е закажан за 15 јуни, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Првиот натпревар во овој дел од претквалификациите, Македонија ќе го игра на 2 јули во Скопје со селекцијата на Ирска, а вториот е закажан за 5 јули на гостински терен со репрезентацијата на Луксембург. Црвено-жолтите се на врвот на табелата во групата А, без пораз по четири кола, и со една победа ќе го обезбедат првото место во групата. Победникот на секоја од трите претквалификациски групи и најдобрата второпласирана репрезентација ќе обезбедат пласман во квалификациите за ЕП 2029.
Поширок состав: Ненад Димитријевиќ (Баерн, Германија), Андреј Јакимовски (Тренто, Италија), Адем Мекиќ (Задар, Хрватска), Лејсон Зеќири (Башкими, Косово), Валмир Какруки (Сигал Приштина, Косово), Резарт Мемед (Бора, Косово), Андреј Шошкиќ (НЦАА, САД), Павел Иванов (НЦАА, САД), Војдан Стојановски (МЗТ Скопје), Андреј Маслинко (МЗТ Скопје), Марин Петков (МЗТ Скопје), Виктор Ташовски (ТФТ), Страхил Николов (ТФТ), Стојан Ѓуроски (МКК Куманово), Мухамед Тачи (Чаир 2030), Рубин Стефанов (Ангели), Виктор Ефремовски (Работнички), Андреј Митревски (Пелистер), Лука Стојановски (Пелистер), Никола Бојчев (Кожув), Теодор Симиќ (Кожув), Амар Хот (Маџари), Марко Луканоски (Маџари), Петар Бошалески (Тиквеш Голден Игл), Михаил Наумоски (Феникс 2010). Г.И.


ГРУПА А

Македонија – Ирска 2.7
Луксембург – Азербејџан 2.7

ТАБЕЛА
Македонија 4 4 0 332-265 8
Луксембург 4 2 2 339-337 6
Азербејџан 4 1 3 285-335 5
Ирска 4 1 3 319-338 5