Продолжува бранот на екстремно топло време. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 35 до 38 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се искачи до 38 степени.
Од УХМР најавуваат дека под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а на одделни места ќе достигнат и до 39 степени. Топлото време ќе продолжи и во ноќните часови.
Промена на временските услови се очекува од среда, кога се најавува благо намалување на дневните температури, проследено со локална нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


































