Во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ, сите клиники, вклучувајќи ги ЈЗУ Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и Универизитетската клиника за токсикологија, како и останатите јавни здравствени установи во државата се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на неопходната здравствена заштита за пациентите, соопшти Министерството за здравство.
По повод претстојните прослави апелирааат на мирно и достоинствено одбележување на новогодишната ноќ, да се внимава со прекумерно внесување храна и умерено користење алкохолни пијалаци, како би се избегнале несаканите последици – алкохолни труења, сообраќајни незгоди и да не се користат разни пиротехнички средства, кои може да предизвикаат тешки телесни повреди.