Фото: Царинска управа

Вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава, соопштија денеска од Царинската управа.

Царинските службеници на влез на граничниот премин „Табановце“ го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување. Потоа цариниците извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот се пронајдени кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што се соодветно згрижени.