Фото: Маја Јаневска-Илиева

Секогаш некој нешто ќе смисли, ние го сакаме македонскиот народ, ја почитуваме државата, ништо не бараме и да го чуваме нашето пријателство, одговори српскиот претседател на новинарско прашање за неговиот став околу бугарската блокада на Македонија на евроинтегративниот пат, јави МИА.

Тој додаде дека има нешто важно што сака да го каже, во Скопје, но и на преставниците во Белград.

-Важно е за нас ние од регионот да бидеме блиски едни со други, да си ги развиваме односите, да си ги скратуваме процедурите меѓу нас, да обезбедиме слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, ние да бидеме тие кои со својата стапка на раст ќе биде повисоко од европската во наредните 10 -15 години, и ако ги видите прогнозите на ММФ и СБ, ние драстично ќе ја намалиме разликата од Западна Европа и да се преставиме како единствен блок и покрај разликите и така да настапуваме пред ЕУ – изјави Вучиќ на прес конференцијата на Процесот Брдо-Бриони во Скопје.

Тој додаде дека „безброј пати на сите форуми секогаш говорел дека Србија го признава и македонскиот јазик и територијата на Северна Македонија и црквата и никогаш никаков проблем сме немале и ќе продолжиме да водиме таква политика“.

Вучиќ претходно одговарајќи на новинарско прашање за бугарското и хрватско барање за воведување санкции кон Русија.

-Како се сетија да зборуваат за тоа дека Србија мора да воведе санкции кон Русија. Од сите теми се најдоа Хрват и Бугарин да зборуваат за тоа што треба Србија да работи. Ајде убаво, имате вие свои проблеми и маки, грижи се ти Бугарину што ќе работиш во својата земја, како и ти Хрвату, немојте да се мешате во работите на Србија и не се правите многу умни – одговори Вучиќ.