Фото: Игор Бансколиев

Почетокот на второто полугодие за основните и средните училишта се одложува, со што наставата со физичко присуство ќе продолжи на 1 февруари, одлучи Владата на вечерашната седница, согласно заклучокот на Кризниот штаб и епидемиолошките информации според кои Македонија се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

Онлајн, со физичко присуство или одложено второ полугодие: Резултати од нашата анкета

Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата и МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.