Најчеста последица од честите повторувачки воспаленија на средно уво е намалениот слух
Автор: Д-р Ариф Мемеди, оториноларинголог
Воспалението на уво кај децата најчесто се манифестира како воспаление на средно уво (отитис медиа), се јавува во период од 6 месеци до 3 години, како и во претшколската возраст, особено во зимскиот период.
Кога се јавува воспаление?
Најчесто се јавува во склоп на респираторни инфекции на носот и грлото бидејќи воспалението од носот продира преку Евстахиевата туба во средното уво. Најчесто станува збор за суво воспаление без секрет.
Кај деца воспаленијата на уво се почести поради карактеристичната анатомска структура (кратка и широка Евстахиева туба), незрелост на имунолошкиот систем како и хипертрофија на лимфатичните ткива (трет крајник и палатинални тонзили).
Кои се симптомите и како се поставува дијагноза на отитис медиа?
Најчести симптоми за воспалено уво се болка на увото, отежнато дишење на нос со или без секреција од носот.
Разговорот со родителите најчесто ни дава анамнестички податок дека детето било настинато неколку дена, дека му течел носот и се разбудило со болка во едното или двете уши. За да се постави точна дијагноза потребно е клинички преглед.
Се прави отоскопски преглед, кој е тотално безболен и со визуелизира ушниот канал и мембраната.
Ако се работи за блага хиперемија и секрет од нос (серозен секрет) најверојатно станува збор за вирусно воспаление.
На силна хиперемија на мембраната заедно со погуст секрет во носот асоцира со бактериста инфекција.
Како се лекува?
Третманот го одредува лекарот оториноларинголог врз основа на локалниот наод и клиничка слика.
Лекување на вирусното воспаление во главно е симптоматско.
За лекување на инфекцијата се ординира антибиотска терапија, како и капки за нос кои не смеат да се стават повеќе од 5-7 дена, а основно е да се обезбеди проодносот на носот за да може да се постигне нормална вентилација и дренажа на средното уво. Во каналчето на увото се стават капки – мешавина од антибиотик и кортико или само антибиотик за локална употреба.
Во случај на силна хиперемична мембрана се ординира антибиотска терапија пер ос или парантерално. Терапијата трае најмалку 7 дена, а доколку е потребно и подолго. Потребно е со контролен отоскопски преглед да се верифицира успешноста на терапијата. Ефектот од антибиотикот е после 2-3 дена.
Да ли воспаление на уво може да оштети слухот?
Најчеста последица од честите повторувачки воспаленија на средно уво е намалениот слух. Многу е важна превенцијата на воспалението на ушите.