фото: Пeксалс

Јавното претпријатие „Водовод Охрид“ до Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) согласно закон и бизнис планот достави информација за вкупните расходи и приходи врз основа на кои се утврдува цената на водата од страна на РКЕ, соопштуваат оттаму.

-Бислимовски може добро да провери дека расходите на ЈП „Водовод Охрид“ се единствено зголемени во однос на електричната енергија, додека бројот на вработени во ЈП „Водовод Охрид“ во изминатиот период постојано се намалува. Како и досега, ЈП „Водовод Охрид“ ќе ја почитува секоја одлука за тарифите на вода која ќе ја донесе РКЕ базирана на стручност, а не на политиканство – стои во соопштението од претпријатието.