Фото: принт-скрин

Во конструктивна атмосфера поминала 19-тата средба на заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу  Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржа во Софија.

Како што соопшти македонскиот тим во Заедничката комисија, членовите на Комисијата воделе дискусија на која биле разменети неколку предлог идеи и препораки за учебниците од основното образование, кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период.

На средбата биле усогласени и потпишани записници од претходните средби. Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено била и наредната средба на Комисијата, која треба да се одржи во средината на септември 2022 година, стои во соопштението.