Фото: Д.Ст.

По повод чествувањето на борбата со која народот во Македонија се трудеше да ја добие својата слобода, а во очи празникот Илинден кој стана национален македонски празник, но и симbол на македонскиот непокор, на 30 јули 2022 година во 9 часот ќе се оддржи панихида во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Општината Демир Хисар.

-Панихидата ќе се оддржи при влезната капија на манастирот, која со векови ги чува трагите од куршумите на сите оние кои не се ослободија од своето властољубие како желба да владеат со другите. Ќе се отслужи панихода за сите оние кои го положија животот застанувајќи во одбрана на сираците, вдовиците, немоќните, и сите кои ја сакаат слободата од Бога им дарувана – велат од манастирот.

Д.Ст.