Седумнаесет луѓе под дејство на алкохол на новогодишната ноќ побарале помош на Универзитетската Клиника за токсикологија во Скопје. Од нив седум се малолетници од 14 до 17 години, информирале од Клиниката за МИА. Од нив, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица, кои по амбулантскиот третман ја напуштиле клиниката.

Универзитетската клиника за токсикологија и службата за Итна медицинска помош апелираат за умерена употреба на храна и алкохолни пијалоци за време на претстојните празници, а хронично болните редовно да ја земаат терапијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека во текот на минатата ноќ во Итната медицинска помош имало околу 50 повици. Според него, најголем број од повиците биле заради алкохолозирани пациенти кои се алкохолизирани, а дел за пациенти кои се повредени во физички пресметки и една посериозна и неколку памали сообраќајни несреќи.