фото: Фејсбук

ВМРО организира мирен собир пред Претседателството, каде што се одржува Советодавниот совет за национална безбедност за европските интеграции на Македонија, пренесува бугарскиот медиум „Бгнес“.

Од ВМРО инсистираат, пишува медиумот, партиите застапени во парламентот да не отстапуваат од условите што за Македонија се поставени за почеток на преговорите со ЕУ.

„Војводите“ бараат и РСМ да престане да користи говор на омраза кон Бугарија и да ги почитува правата на Бугарите во РСМ. Протестот на ВМРО е мирен, се слушаат народни патриотски песни“, пренесува медиумот.

„Ве повикуваме мирно и цивилизирано да не ги пренесуваме споменот на нашите предци и нашата национална историја“, изјавил Ангел Џамбаски на протестот, пренесува „Бгнес“.

„Мора да донесете единствена одлука – да не отстапувате од одлуката на Советот на министрите“, додал Џамбаски.

Во написот на бугарскиот медиум стои дека ВМРО се заканила дека ќе распише референдум доколку Бугарија го промени ставот за Северна Македонија и членството во ЕУ.

„Знаете дека направивме многу обиди за референдуми, но не можам да замислам ниту една тема што е пореферендумска од оваа. Ние инсистираме на луѓето што може да го направат тоа според Уставот. Доколку не се направи тоа, имаме подготвеност и желба да свикаме национален референдум, пишува „Бгнес“.