Фото: ДИК

Вкупно 2.140 лица направиле увид во своите податоци во Избирачкиот список (ИС) во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), но за тоа колку лица ги провериле податоците по електронски пат во Комисијата за МИА велат дека немаат увид.

Досега три лица поднеле барање за промена на своите податоци во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, а едно поднело барање за запишување на своите податоци.

По електронски пат осум лица поднеле барање за промена на податоци, едно за бришење на податоци и едно за запишување на податоци.

Крајниот рок за поднесување на барања за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список е до 18 март, понеделник. Рокот важи и за парламентарните и претседателските избори.