Фото: Горан Анастасовски

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека утре времето ќе биде сончево и многу студено, особено во утринските часови, кога температурата во најголем дел од земјава ќе се спушти под -5, а на места и под -10 степени.

Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер.

Според УХМР, кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.