Фото: Официјален Фејсбук-профил на министерот за правда

Екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски денеска се појави на првиот академски час, што предизвика бура на коментарите на социјалните мрежи.

-Станува збор за мои колеги кои, во различен временски период, биле составен дел од извршната власт. Факт е дека треба да се има достоинствен пристап спрема секого. Единствен критериум за осуда, каква било, е по правосилна судска пресуда. Тогаш би можеле да коментираме за состојбите затоа што само на таков начин може да зборуваме за форматирање на нечија одговорност – одговори министерот за правда Никола Тупанчевски на новинарско прашање по завршувањето на првиот академски час на Правниот факултет.

Денеска се оддржа првиот академски час, кој по две години онлајн-настава поради пандемијата со коронавирусот, сега беше со физичко присуство.