Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!, истакна претседателката Гордана Силјановска – Давкова во објава на социјалните мрежи по средбата со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова, што се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.
Во фокусот на разговорот со Јотова, како што вели, беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција.
– Изразивме различни ставови за можните решенија за отпочнување на македонските пристапни преговори – информира Силјановска Давкова.
Укажала и на неопходноста од интензивирање на комуникацијата меѓу училиштата, универзитетите, научните и културните институции, невладините организации и граѓаните заради надминување на предрасудите, зближување и разбирање.
– Ја потенцирав важноста на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како обврска за сите земји-членки на Советот на Европа.
Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања! – вели претседателката Гордана Силјановска Давкова.



































