Фото: СЗПМ

Станка Трајкова едногласно е реизбрана за претседателка на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и на извршниот одбор на организацијата, на вчерашната седница на Собранието на сојузот.

Трајкова е дипломиран правник со големо искуство од пензионерската проблематика стекнато за време на нејзиниот работен век во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, каде извршувала повеќе одговорни задачи и функции на повеќе нивои, се до помошник на генералниот директор на Фондот.

По пензионирањето Трајкова веднаш се приклучува во пензионерското организирање,
најнапред како секретар на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, каде нејзиното богато искуство како стручњак во проблематиката се користи нејзиното знаење.

Нејзиниот придонес е значаен во стекнување на правата на пензионерите преку законот за ПИОМ бидејќи за време на својот работен век има работено меѓу другото и на реформите на пензискиот систем во Македонија, а учествувала и во подготовка, измени и доградување на овој Закон, како и во други важни акти од овој домен.

Нејзината стручност и компетентност е препознаена и Трајкова е избрана за прв претседател-жена на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, по 73 години, за мандатниот период 2019-2023 година.