Интернет-страницата за патувања „Травел авејст“ објави листа на најдобри европски земји за луѓето со помал буџет, а на листата се најдоа и две земји од регионот.
Според нив, овие земји се совршени за туристи што бараат култура, историја и природни убавини и не сакаат да трошат многу пари на патувањето.
Така, Унгарија со главниот град Будимпешта се најде на прво место. Иако Унгарија се смета за една од најскапите земји за посета во Источна Европа, сепак е една од најевтините локации во Европа, која нуди богата култура и одлична гастрономска понуда.
Земјите од регионот што се најдоа на оваа листа се Словенија (на трето место) и Црна Гора (на петто место). Главниот град на Словенија, Љубљана, беше опишан како еден од најпотценетите европски градови, чии цени за музеите и значајните места се исклучително ниски поради недостигот од туристи.
Сепак, за Црна Гора тврдат дека е можно да се потроши малку повеќе, бидејќи нуди луксузно сместување. Будва, Котор и Херцег Нови се места што треба да се посетат, а велат дека не треба да се пропушти Тиват, бидејќи таму може да се најдат најдобриот бурек и пити.
На списокот се најде и Словачка, која ја сметаат за дом на голем број места на светското наследство на УНЕСКО, и Португалија, за која наведуваат дека е земја што нуди многу бесплатни атракции, како тврдини и музеи.