Фото: принтскрин

Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при готувањето во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 во врска со македонското државјанство на украинскиот политичар Александар Онишченко.

– Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не. Кај овој случај имаме четири позитивни мислења. Беа доставени позитивни мислења од Коњичката федерација, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за национална безбедност. Анализите треба да се прават низ институциите. – вели Спасовски.

Министерот истакна дека добивањето на државјанство е по членот 11 од законот за државјанство, кој е за национален, економски и спортски интерес, а во таков случај одлуката за прием или одбивање ја носи Владата, по претходно собрани документи и мислења.