Извлечено е шестнаесетгодишно девојчето што паднало во дол кај Струмица и моментно се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Како што претходно информираа од ЦУК, девојчето вечерва паднало во дол кај манастирот Свети Илија над Струмица.
Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.
– По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала – вели Ангелов.
Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.