Фото/Илустрација: Пискабеј

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 34 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 15, а максималната ќе достигне 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во недела се очекува дестабилизација на времето со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северозападен ветер.

Од понеделник повторно следува период на претежно стабилно и топло време.