Фото: „Нова Македонија“ / Архива

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Од пладне се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места ќе има услови и за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината попладне се можни краткотрајни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 33 степени.

И во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во атмосферата, на одредени места се можни поинтензивни временски процеси со пообилни врнежи и изолирано невреме со град. Од петок се очекува стабилизирање на временските услови.