Фото: ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов од тетовско Селце информираше дека денеска два полициски хеликоптери учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар. Според Ангелов, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат поради проблеми со пилотите.

– Пожарот кој пред четири дена започна на Шар Планина во атарот на село Селце, сè уште е активен поради сериозните димензии што ги доби. Во текот на денешниот ден ангажиравме и втор полициски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден покрај ренџерските тимови на Националниот парк Шар Планина во гаснењето помогнаа и тимови на Територијалната противпожарна единица Тетово, но и еден полициски хеликоптер. Во текот на денешниот ден на самото место гасат два полициски хеликоптери, како и неколку тимови ренџери од Националниот парк Шар Планина но и неколку тимови на ТППЕ Тетово – изјави Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување не можат да се користат, поради проблеми со пилотите. Тој со оцена дека огнот е далеку од куќите во селото.

– Моја процена е дека во овој момент нема опасност по куќите од село Селце затоа што густата чад потекнува меѓу другото и од лисјата кои ги има во поголема количина на местото каде што се одвива линијата на огнот. Линијата на огнот е доста широка, повеќе од еден километар, за жал немаме на располагање ниту еден „Ер-трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување поради проблемот со пилотите. Тие значително ќе го олеснат гаснењето на овој на овој шумски планински пожар. Продолжуваме со гаснење со два хеликоптери, се надевам дека попладнево ќе го ставиме под целосна контрола – изјави Стојанче Ангелов.

Шумскиот пожар зафати површина над 100 хектари информираа денеска од Националниот парк Шар Планина.