Фото: Архива

Во парк шумата Гази Баба, вчера по полноќ било пронајдено лице кое барало помош, по што полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лице со иницијали К.К. од Скопје.

Во разговор со полициските службеници, лицето пријавило дека поради паричен долг бил нападнат од неколку лица, од кои дел познавал.

-Денеска во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на парк шумата Гази Баба било пронајдено лице кое барало помош. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека лицето е К.К.(22) од Скопје. Во разговор со полициските службеници тој пријавил дека поради долг во парк шумата Гази Баба бил физички нападнат од неколку лица, од кои дел познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.