Проектниот тим на Сојуз-Национален Совет за Родова Рамнопаравност спроведе
еколошка акција со чистење на Паркот на новинари во Скопје. Акцијата е организирана во рамки на проектот „Визија, Мисија и Стратегија на Национален совет за родова рамноправност“.

– Целта на еколошката акција е облежување на Светскиот ден на глобално чистење, што се обележува секоја трета сабота во септември. Но, поради најавениот дожд за време на викендот тимот на НСРР одлучи да го обележи овој ден в четврток – соопшти организаторот.