Во рамките на планираната програма на Општината, започна целосната реконструкција и санација на крак на улицата 18 во Бутел.
Како што информира градоначалникот Дарко Костовски, кракот на улицата 18, во должина од 100 метри и ширина три метри, за првпат ќе добие асфалт по машинското гребење и поставување нов тампон. Како што дополни градоначалникот, градежното лето се одвива со силна динамика, при што се запазени сите рокови и ветувања кон граѓаните.
– Продолжуваме во другите населени места што се опфатени со првата фаза. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места – напиша Костовски на својот фејсбук-профил.