Екипи на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Рузвелтова, на
потегот од булеварот Илинден до булеварот Партизански одреди. Оваа значајна
сообраќајница е обновена на површина од 7.350 квадратни метри и во должина од 600 метри, со што се овозможува зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот.
– Градежните активности за реконструкција на улицата Рузвелтова завршија пред предвидениот рок за завршување на истиот тој, а овој начин на реализација на новите градските инфраструктурни проекти, системски со претходно елиминирање на детектирани недостатоци, ќе резултира со брзо, навремено и квалитетно изведување – велат од Градот. Д.Т.