Техно

Љубителите на друштвените игри следната година ќе можат да се забавуваат со новата игра наречена „Кол оф дјути: Д борд гејм“. Ова име е познато од гејмерскиот свет, каде што франшизата и серијал на видеоигри „Кол оф дјути“ има посебен статус.
Американската компанија „Активижн“ се здружи со компаниите „Аркејн вондерс“ и „Џенјуен ентертејмент едн еволушн“ за да донесе на пазарот игра со брзо темпо, која комбинира борба, стратегија и тактичко планирање. Меѓутоа, најавеното видео не открива повеќе детали за тоа како „функционира“ играта.
Јасно е дека играчите ќе ја преземат улогата на војник и ќе се борат со противниците користејќи различни вештини и оружја. Од „Аркејн вондерс“ велат дека има неколку сценарија и режими на играње, додека дејството се одвива на неколку мапи од франшизата „Кол оф дјути“.
Повеќе информации за новата друштвена игра се очекуваат во наредните месеци.