Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс-картон во две простории, а во уште една е оштетен, се вели во соопштението од Општина Карпош.
– Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем, веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно затнување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс-картон – изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.
При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот, се вели во соопштението.