Поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Скопје утре ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.
Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на градот.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
































