ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги известува граѓаните дека од денеска (четврток) започнува зимското работно време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои управува претпријатието.
Во зоните А, Б и Ц, работното време ќе биде:
- Од понеделник до петок: од 07:00 до 21:00 часот
- Сабота: од 07:00 до 14:00 часот
Кај зоната Д, работното време останува непроменето, односно паркирањето ќе се наплаќа:
- Од понеделник до сабота: од 07:00 до 23:00 часот
Од ЈП „Градски паркинг“ ги повикуваат корисниците навремено да ја извршат наплатата за паркирање и да ги почитуваат новите термини на функционирање на зоните.
– Промената на работното време се однесува на сите јавни површини за паркирање со кои стопанисува градското претпријатие – информираат од „Градски паркинг“.



































