Фото: Горан Анастасовски

ФОТОМОМЕНТ

Пластичните контејнери и натаму се цел на вандализам.

Фотографијата од уништен контејнер е направена во скопската населба Капиштец, но ваков призор на нашиот заеднички имот не е реткост на многу делови во државата.

Контејнерите, од нивното поставување, во изминатите неколку години во повеќе наврати гореа на различни локации во главниот град – Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Радишани… како и во другите градови низ државата.

Несовесноста останува стара, лоша навика.