На иницијатива на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денес се одржа првиот хуманитарен базар во рамки на големата хуманитарна акција организирана во сите јавни претпријатија, установи и училишта под надлежност на Град Скопје.
Централниот хуманитарен настан денес се одржа во средното училиште „Георги Димитров” со цел собирање средства за помош на Леонид Индов кој во моментов се наоѓа на болничко лекување во Виена, Австрија.
Од страна на учениците од сите скопски средни училишта на хуманитарниот базар се собраа средства од нивни рачни изработки на производи подготвени и со што младите во хумана акција се ангажираа да помогнат на Леонид. На хуманитраниот базар во училиштето „Георги Димитров” се одржа и хуманитарен концерт во кој ќе учествуваат четири училишни бенда.
– Со огромна чест и задоволство можеме да констатираме дека хуманитарната акција се одвива успешно, а само во првите неколку часа е собрана значителна сума на средства која ќе му биде од огромна помош на Леонид. Скопје и скопјани уште еднаш ја покажуваат својата хуманост, градот Скопје уште еднаш покажа дека ја заслужува титулата и дека со право го носи името на град на солидарноста – соопштија градските власти.
Телефонски броеви за донација:
Т-МОБИЛЕ 143-118
А1 143-500
Се молат сите хумани граѓани кои се во можност за завртат на телефонските броеви, а повикот ќе ве чини 100 денари. Да помогнеме за Лео.