Фото: Маја Јаневска-Илиева

Моторџиите од Скопје традиционално се собраа на плоштад „Македонија“ за да си ја честитаат Новата година.

Тие на првиот ден во новата година, во 12 часот, симболично го означуваат почетокот на новата мотосезона.

На скопскиот плоштад присуствуваат искусни и добро познати моторџии, како и новајлии за кои ова е прво зимско возење.