Фото: Маја Јаневска-Илиева

Со песна и оро пред култната кафеана „Идадија“ во Скопје, дебармаалци традиционално ја почнаа новата 2024 година.

Оваа традиција на староседелците во скопската населба, која потекнува од 1928 година, се негува со децении и трае до денес.

Присутните беа поздравени и од спортското друштво Ран кру чии членови ја истрчаа првата трка во новата година, со рута од два километра.