Фото: МИА

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.

Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож. Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба. Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

– На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди. Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба. Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија. Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување – изјави д-р Ерен Сејфула, ортопед.

Според д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.

– Ноќта помина во најдобар ред. Го држиме порсекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години. Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан – информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.