Фото/Илустрација: Пиксабеј

Пожар избувна вечерва во 21.10 часот на стрниште зад фабриката ОХИС, соопшти ЦУК.

Пожарот е надвор од кругот на ОХИС. Гори сува трева, и во моментот се интервенираа со противпожарно возило и 4 пожарникари.

Од ЦУК информираат и дека во текот на денов се регистрирани 20 пожари на отворено. Изгаснати се 18, а активни се два – во село Батинци во близина на школото и во село Блаце каде што гори нискостаблеста шума.