Град Скопје преку соопштение ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.
– Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски. Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти: За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546. За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314. За присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298 – информираат од градските власти.